Бранителот на Бојан Јовановски во случајот „Рекет“ во завршните зборови истакна дека има суштествена повреда на законот за кривична постапка и на тоа како Јавното обвинителство го води овој случај.

Според адвокатот Сашко Дукоски, ЈО се однесува во стилот „докази, ма какви докази“, им дуваат во грбот и „ќе си тераме како сакаме“.

Тој вели дека Боки се гони за трошење на пари во период кога воопшто не се водела постапка како што е случај во 2017 година.

Како може да пуштил во промет пари кога не била почната постапка. На тој начин може да биде осуден и за убиството на Кенеди, рече Дукоски.

Тој рече дека е скандалозно што од него се кријат докази кои ги има обвинителството и оти му се јавувале луѓе да му ги продадат изјавите на обвинетиот Зоран Милески – Кичеец, кои и онака му следуваат.

Јас не знам каква е оваа опсесија од криење докази, праша Дукоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.