Вистински хорор на локалните гробишта дочекале жителите на селото Шипковица, на падините на Шара. Деновиве нашле отворени гробови и човечки коски расфрлани низ гробиштата, а според очевидец, штетата ја предизвикува мечка, којашто ги крева надгробните плочи и ги јаде остатоците од покојниците.

Од СВР Тетово за „Република“ велат дека во полиција добиле пријава за ваков случај од еден жител на тетовска Шипковица, кој кажал дека гробот на неговиот татко двапати бил ископан.

Четириесет и осумгодишниот Н.С. од тетовска Шипковица, на 29 јули 2019 година околу 16:30 часот, пријавил дека на селските гробишта, диво животно, најверојатно мечка, пред три дена го ископало гробот на неговиот татко. Ноќта помеѓу 28/29 јули истото го повторило уште еднаш, по што најблиските го бетонирале гробот, вели портпаролот Марјан Јосифоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.