Полицијата фати криминалец кој бил баран со потерница за извршување на тешка кражба. Дејството се случило околу шест часот ова утро.

„На 15.09.2021 во 05.50 часот, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево – Отсек потраги, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.О.(25) од с. Палиград, општина Зелениково, за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик“ – стои во писменото соопштение на Министерството за внатрешни работи.

Лицето било предадено во Полициската станица Драчево, кои ќе одлучуваат за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.