Дебарското обвинителство со Предлог за издавање казнен налог побара од надлежниот суд на едно лице на возраст од 19 години да му изрече условна осуда со утврдена казна затвор до три месеци, поради постоење основано сомнение дека лицето го сторило кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетиот на 19 јули 2020 година, информираа денеска од Јавното обвинителство, бил затекнат надвор од својот дом, иако за него било донесено решение со кое му било определен здравствен надзор и задолжителна самоизолација поради тоа што бил позитивен на вирусот Ковид – 19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.