Лице од Пробиштип со престојувалиште во Скопје ниту еден ден не ја почитувал изјавата за задолжителна самоизолаација. Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Од ЈО соопштија дека по престој во Австрија, како земја со среден ризик за ширење на коронавирусот Ковид-19, обвинетиот на 20 март се вратил во земјава. На граничнот премин Табановце потпишал изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација во период од 14 дена во станот во кој престојувал во Скопје. Веќе следниот ден, на 21 март, полициски службеници при извршената проверка не го затекнале во домот.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на лицето да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.