Изгоре уште едно возило во Штип. Пожарот е подметнат утринава околу 5.40, само десетина минути откако сопственикот го паркирал на паркинг просторот пред зградата на улица „Сремски фронт“, каде што живее.

Автомобилот е во сопсвеност на Веби Чавахир, кој заедо со својот брат пред девет месеци од делчевско се доселиле во Штип, објави Алфа. Тие се сопственици на фризерски салон и бутик. Благодарение на итната интервенција на штипските пожарникари била спречена поголема катастрофа.

Мерцедесот е запален на ист начин и во речиси исто време како и возилата на Тушеви, семејство блиски до власта. И по шест дена од овоj инцидент полицијата се уште нема одговор на прашањето кој го подметна пожарот и пеплоса три коли, а опожари уште две.

Од почетокот на годината до сега во Штип се опожарени 20 возила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.