59 годишен маж кој беше сместен на КАРИЛ им подлегна на повредите соопштија вечерва од Ургентниот центар во Скопје.
Тој е четвртата жртва од експлозијата на плинска боца во семејната куќа во која што претпладнево загинаа и три деца. Уште шестмина членови на семејството се повредени и се згрижени на скопските клиники..
Уште тројца се во исклучително тешка состојба со голем степен на изгореници..
Двајца од шестмината се сместени на КАРИЛ, двајца на пластична хирургија, а неизвесна е состојбата и на четириесетгодишна жена и десетгодишното дете, кои се хоспитализирани во старата градска болница „Св.Наум Охридски“, каде е примена и 20-годишна бремена жена..
Трагедијата се случи околу 10 часот, кога ексолодирала плинска боца, по што настанал и пожар.. Несреќните деца биле на возраст од 8, 9 и 11 години..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.