Две кобни несреќи се случија во текот на вчерашниот ден кај Струмица.
Во првата, во 07.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат с.Дабиље –с.Петралинци, струмичко, во близина на крстосницата за с.Сарај, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.В.(31) од с.Дабиље и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Д.(48) од с.Петралинци.
На местото на незгодата починал возачот И.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.
Вечерта, пак, загина 37-годишник, а три лица беа повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.