Доживотна казна затвор доби 52 годишниот прилепчанец Никола Петрески кој е обвинет за двојното убиство кое се случи лани на 11 јануари на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп во раните утрински часови, кога сега осудениот ги уби сопругата и нејзината мајка, а го рани и братот на сопругата. Петрески е осуден за 4 кривични дела убиство, по различни членови од кривичниот законик.
Судењето го водеше судијата Љубен Биноски. Петрески моментално се наоѓа во притор во затворот во Скопје и притворот му е продолжен се до започнувањето на издржување на казната затвор.
Судот при донесувањето на одлуката, согласно одредбите од член 39 од КЗ ги ценеше сите околности кои се од влијание за донесување на една ваква пресуда, при што посебно ценети се отежнителните околности и тоа видот и карактерот на кривичните дела за кои се товари обвинетиот, бројот на сторените кривични дела, начинот на сторување на истите. Ваков вид на кривични дела во последно време се во подем, гледаме и слушаме за случајот со Смилковско езеро и други такви случаи. Потоа општествената опасност за ваквиот вид на кривични дела каде како објект на заштита е животот на човекот. Врз обвинетиот, заради утврдување на неговата психичка состојба и пресметливост во текот на постапката, извршено е и психијатриско вештачење при што е утврдено дека во време на сторувањето на кривичното дело истиот бил пресметлив“, изјави судијата Жарко Велески, портпарол на Основен суд Прилеп.
Инаку Петрески со пиштол влегол во куќата и започнал да пука при што веднаш ги убил сопругата и нејзината мајка, а го ранил и братот на сопругата кој само пред неколку дена бил вратен во Македонија од САД за да направи крштевка за своетот дете. Инаку убиецот подолг временски период имал нарушени односи со сега покојкната сопруга и не живееле во заедница. Убиството тој го извршил и пред очите на својот малолетен 10 годишен син кој бил присутен на овој грозоморен чин., пренесува „Инфокомпас“.
Во обид да го совлада убиецот да престане да убива и да пука, братот на неговата сопруга со тврд предмет му нанел повреди на главата. При што потоа двајцата повредени беа пренесени во прилепската болница.
Од Центарот за социјална работа во Прилеп велат дека сега малолетниот син на убиецот е под нивен постојан надзор и се наоѓал кај роднини по страна на мајката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.