Вчера во 18.05 часот, Р.Д.(78) од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума 1.400 евра и 30.000 денари.
Според пријавеното, околу 10.00 часот од непознат број и се јавило лицето и и рекло дека нејзината ќерка и нејзиниот партнер предизвикале сообраќајна незгода во која било повредено едно лице-мигрант, а ќерка и била со тешки повреди. Исто така, според пријавеното, лицето и кажало дека требала да плати 25.000 евра за да ја спаси ќерка и од одговорност. Според пријавата, потоа тие се сретнале и му ги дала парите. Се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.