Еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа која завчера се случи кај Маврово им подлегнал на повредите, јавуваат дел од медиумите. Станува збор за 34-годишниот Г.Т. Две други лица сѐ уште се борат за живот.
Претходно, на лице место животот за загуби едно лице.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски тогаш информираше дека во несреќата учествувале автомобил „хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки управуван од 68-годишниот А.Ѓ. од Скопје и товарно возило влекач „ман“ со приколка со српски национални ознаки, управувано од 52-годишниот Љ.Д. од Панчево.
Во несреќата возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројцата сопатници од истото возило М.Р.(26), Ј.Т.(30) и Г.Т.(34) биле пренесени во Скопје за укажување на лекарска помош, информираше Јосифоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.