Се уште е активен пожарот меѓу селата Крупиште, Пишица и Горни Балван во општините Карбинци и Пробиштип.
Во моментов пожарникарите се во атарот на село Крупиште каде што гори сува трева, дрвја и нискостеблеста шума. Пожарот се гасне само со рачни пумпи и метли. Теренот е непристапен, бидејќи станува збор за ридски предел.
Пожарот е активен од вчера од 16 часот, а во моментов, како што велат пожарникарите, нема материјална штета. Изгорена е сува трева, дрвја и нискостеблеста шума.
Станува збор за голема површина за која што, како што велат пожарникарите, се уште не може да се утврди колку хектари изгореа.
Причините за пожарот, како што велат, дополнително ќе се утврдуваат.
Во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари од Штип, Пробиштип, Кочани, комуналните претпријатија и вработени во ЈП „Национални шуми“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.