Седумдесет и едногодишен Унгарец вчера починал во автобус, на граничниот премин Табановце, на излез од државата.
Вчера во 22:50 часот во СВР Куманово, од Итна медицинска помош било пријавено дека во автобус на Граничниот премин Табановце на излез од РСМ починал Ф.С.(71) од Унгарија. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Куманово во присуство на сестрата на починатиот и возачот на автобусот, двајцата од Унгарија. Известен е јавен обвинител, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.