Уапсен е битолчанец кој ограбил спортска облчожувалница во Прилеп.
Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР – Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција од СВР – Битола вчера го лишиле од слобода 29-годишниот битолчанец А.Б., поради основано сомнение дека е извршител на тешка кражба од спортска обложувалница во Прилеп – информираат од МВР.
Како што информира МВР, при кражбата, осомничениот од обложувалницата одзел метален сеф со пари.
Лицето и кривичната пријава се предадени во Основното јавно обвинителство Прилеп за понатамошна постапка – се додава во соопштението на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.