Во вторникот во раните утрински часови околу 4 часот во полиција било пријавено дека на улицата „Борис Кидрич“ во Ресен во правец на с.Царев Двор, патничко моторно возило „цитроен берлинго“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.К. (26) од Ресен, удрило во столб. По незгодата возачот го напуштил местотото на настанот, но по кратко време е пронајден.
Како што соопштува МВР, Е.К. возилото противправно го одзел од сопственикот.
Е.К. од незгодата се здобил со повреди и му била укажана помош во ЈЗУ-Ресен.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.