На 31.03.2019 во 13.00 часот во СВР Скопје, конзулот на Република Монголија во земјава пријавил кражба на државното знаме на Република Македонија, кое било поставено пред Конзулатот на булевар „Јане Сандански“.
Како што велат од МВР кражбата најверојатно се случила во периодот од 15.00 часот на 30.03 до 12.00 часот на 31.03.2019 година.
МВР денеска соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.