Вработените од секторот  „Јавно зеленило“  во ЈП Комуналец од Битола секојдневно мака мачат со битолчани кои ги крадат цветните садници од аранжамните во парковите низ градот, пишува порталот Апла.мк. Во изминатите неколку недели, од неколку илјади цветни садници со кои е украсен градот, украдени се повеќе од 700 велат од ЈП Комуналец.

Вработените  ме прашуваат што да прават со оние места каде се крадат цветните садници, а јас им велам ќе ги обновувате. Според нивни сознаија, ги крадат повозрасни граѓани, вели Панде Богоевски, директор на ЈП Комуналец .

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.