Бранителката на Митко Пешов, на кого му беа изречени 15 години казна затвор, адвокатката Павлина Зефиќ рече дека биле направени повреди во постапката и судските рочишта за предметот траеле и по 12 часа со следење на искази на 4-5 сведоци и биле соочени со сериозен предизвик како одбрана.
Укинување на пресудата и враќање на постапката пред изменет судечки совет побараа во образложението на жалбите обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 година на денешното продолжение на тридневната јавна расправа пред Апелација за пресудите за „27 април“.
Меѓу 16-те обвинети, кои со првостепената пресуда од март минатата година беа осудени на вкупно 211 години затвор за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок”, се поранешниот директор на Бирото за јавна безбеднист, Митко Чавков, припадници на МВР и Агенцијата за разузнавање. Обвинителството, пак, има жалба за ослободителната пресуда за Игор Дурловски.
Бранителката на Митко Пешов, на кого му беа изречени 15 години казна затвор, адвокатката Павлина Зефиќ рече дека биле направени повреди во постапката и судските рочишта за предметот траеле и по 12 часа со следење на искази на 4-5 сведоци и биле соочени со сериозен предизвик како одбрана.
Клучна повреда во постапката сметаме дека е тоа што не ни беше дозволено да ги користиме исказите на сведоците дадени во обвинителството за нивна дискредитација. Сметаме дека воопшто не беше утврдено од страна на судечкиот совет каква наредба и кој му издал на Митко Пешов наредба за активирање на специјалните полициски сили. Сметаме дека направи процесна повреда со тоа што не дозволи јавноста да го слушне исказот на заштитениот сведок и бидејќи не ја утврди во целост фактичката состојба – изјави Зефиќ.
Барам, рече таа, доколку ја укинете пресудата да се води пред изменет совет.
Бранителот на Чавков, адвокат Сашко Дуковски, рече дека оваа пресуда е фингирана и нема било каков доказ и затоа смета дека не може да опстане.
Очекувам најмалку укинување на првостепената пресуда со сериозни напатствија, затоа што ваква пресуда каква што е не може да опстои. Толку има суштествени повреди на одредбите од Законот за кривична постапка што е неверојатно. Најклучно е тоа, да забраните на одбраната да го дискредитира сведокот во смисла на одредбите од член 388, односно да забраните да поставува прашања кои се однесуваат на исказ на сведок дадени во фаза на истрага е сосема недозволиво. Тоа ниту еден суд не го прави, тоа е елементарно непознавање на законот за кривична постапка – изјави Дуковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.