Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, е дома, откако му беше укинат и притворот каде помина дваесет дена. Панечвски вчеравечер во Велес, по експресно судење во неколку рочишта, беше прогласен за виновен за злоупотреба на системот АКМИС, за што доби три години и шест месеци затворска казна.

Обвинетиот Владимир Панчевски во завршниот збор кажа дека јавниот обвинител не бил запознат со целата материја со која го води предметот, бидејќи имало грешка на АКМИС, а јавниот обвинител не го видел тоа. Воедно тој во својот завршен збор истакна дека ова обвинение е политички опструирано и лицемерно, бидејќи се поведува една година по завршување на неговиот мандат во Основниот суд Скопје 1, односно тие го обвинувале дека само тој повредувал права, а не и судиите кои суделе.

Сигурно ќе вложиме жалба. Ова што се случи е исклучок од сите правила. Станува збор за класичен пример за самоволие во постапувањето и ограничувањето на човековите права. Бевме сведоци како се заобиколуваат сите принципи на владеењето на правото. Имаме доволно време и ќе составиме жалба и верувам дека Апелациониот суд ќе ја укине оваа пресуда, рече адвокатот Петро Јанура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.