СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и В.П.(53) од Струмица, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

На 31.12.2021 во 19.30 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на правното лице во Струмица, при што било констатирано дека работи после пропишаното работно време и во него биле присутни повеќе лица, со што постапиле спротивно на Протоколот за отварање и работа на угостителски објекти за исхрана – прилог бр.58, објавен во „Службен весник“ од 04.11.2020 и Одлука на Влада од 16.12.2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.