Од Градската општа болница „8-ми Септември“ вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај нив е донесено повредено лице од сообраќајна незгода.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека Р.С.(59) од Зајечар, Република Србија, со привремен престој во Скопје, истиот ден околу 11.30 часот на улица „Љубљанска“, додека со велосипед поминувала на коловоз, била удрена од непознато возило управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.