На 10.06.2020 во 22.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Пирок се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило и велосипед управуван од 13 – годишник од с.Голема Речица.
-По незгодата, возачот со возилото го напуштил местото на настанот, а велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.