Тетовската полицијата е во потрага по возач кој вчера наутро удрил во двајца пешаци и побегнал од местото. Инцидентот се случил околу девет часот на кружниот тек на улицата „Илинденска“ и „171“.

Со возилото биле удрени Ш.Ш.(44) и М.З.(26), двајцата од Тетово. Од ударот здобиле повреди и со друго возило се пренесени во Клиничката болница. Таму им е укажана лекарска помош, соопшти СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово по што е почната потрага по возачот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.