Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против двајца 16-годишници од Кавадарци за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и уцена, соопшти денеска МВР.
Во периодот од август 2018 до февруари 2019 пријавените, на нелегален начин одзеле фотографии од 13-годишно девојче. После тоа, пријавените, со закана дека ќе објават компромитирачки фотографии го принудиле девојчето да им даде пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.