Државјанин на Холандија, сопственик на расадник за украсни дрвца во тетовско село Прељубиште е убиен на имотот, дознава МИА од извори во истрагата.
Од СВР Тетово информираат дека во полицискиото одделение во Јегуновце е пријавено дека има најдено мртво тело на имотот на расадникот „Еуроплантс“.
Полициски службеници како и јавен обвинител се заминати за Прељубиште за да започнат увид. Од увидот треба да дознаеме повеќе детали за случајот, соопштија од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.