Претпладнево во скопската населба Маџари се случила сообраќајна несреќа и убиство, објави „Курир“.
Според неофицијални информации, убиството се случило поради сообраќајна несреќа.
„Курир“ побарал информација од МВР и се очекуваат детали.
Според очевидци, две лица се здобиле со прострелни рани во воружената пресметка која се случила во близина на пругата пред кванташки пазар.
Велат дека едно од лицата било починато.
Според едни информации, првично се случила сообраќајна несреќа која ексалирала во вооружена пресметка.
Други извори пак велат дека станува збор за пресметка на криминалното подземје и дека застреланите лица биле чекани во заседа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.