Дваесетгодишно момче загина од прострелна рана ноќва во Клиничка болница „Систина“.
Околу 2 часот од болницата во СВР Скопје прјавиле дека од стра на С.Т. (24) од с. Шишево, со повреди се доведени се А. А. (20) и Г. А. (36), сите од с.Шишево.
Според пријавеното, тројцата се движеле со возило „БМВ“, а пред нив се движело возило „мерцедес“, управувано од Е.Ш. од с.Шишево, со кого претходно имале расправии. На влезот во с.Шишево возилото „мерцедес“ застанало до патот, а по него запрел и Г.А., кој го управувал возилото „БМВ“.
Е.Ш. и Г.А. излегле од возилото и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А..
С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. во болницата „Систина“, каде А.А. починал.
Од МВР велат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.