Mинистерството за внатрешни работи во денешниот полициски билтен ги сподели деталите за вчерашното убоство во Струга. Злосторството било пријавено синоќа околу 19 часот во Полициската станица Струга.

Според пријавеното, истиот ден околу 18 часот на локалниот пат село Делогожда-село Поум, на место викано „Кодра бум“ У.В.(22), управувајќи патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(46) од село Поум, во кое бил и неговиот син З.Б.(23).

В.Б. и З.Б. излегле од возилото и со секири тргнале кон У.В. со кого од порано имале нерасчистени односи. У.В. испукал повеќе куршуми и ги погодил З.Б.и В.Б., по што заминал од местото и се пријавил во Полициската станица Струга.

Од случајни минувачи повредените биле пренесени во Медицински центар Струга, каде кај З.Б. била констатирана смрт, додека В.Б. бил задржан на лекување.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Се преземат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.