Специјалецот Игор Спасов во петокот не се појавил во затворот во Идризово иако на тој ден му измина рокот за оправдан прекин на издржување на затворската казна, дознава МКД.мк

Директорот на Идризово Боби Мојсовски за порталот потврди дека до него не било испратено писмено известување за нов прекин и негово оправдано отсуство.

Испратено е известување до судот во Штип дека Игор Спасов не се појавил во затвор. Од судот до сега редовно ни беше испраќано известување за прекин на издржување на затворската казна кој завршуваше на 18 октомври, во петокот, изјави директорот Мојсовски.

Откако на 18 август годинава му истече прекинот од една година на издржување на затворската казна, Спасов повторно со поднесена медицинска документација доби нов прекин кој траеше до петокот.

Поранешниот специјалец Спасов е осуден за убиството на Мартин Нешковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.