СВР Тетово – НККР Гостивар до ОЈО Гостивар поднесе кривична пријава против Ѓ.Д. (46) поради основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“. Пријавениот е лишен од слобода вчераутро во 5.40 часот по преземени мерки и активности од полициски службеници од ПС Гостивар.

Пријавениот вчера околу 3 часот по полноќ во стан во зграда на ул. Илинденска во Гостивар, со употреба на нож ја усмртил С.Т. (78) и се обидел да ги усмрти и С.Р. (54) и Б.Р. (60), поради наводен паричен долг од Б.Р. кон Ѓ.Д.

По преземени мерки и активности, Ѓ.Д. е лишен од слобода од страна полициски службеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.