Според сознанија на Досие, кои се дел од истрагата Пино бил намамен од девојката од скопската населба Ѓорче Петров, Ангела и вечерта кога исчезнал бил со неа. Во интерес на истрагата не се откриваат детали околу средбата.
Но она што ја води истрагата до Арачиново е чудниот пат на движење на Пино. Како што брифираат извори на Досие, наводно Пино бил и до Тетово за што има доказ од камера на патарина со која е снимена неговата бела шкода. Потоа се враќа, но не влегува во Скопје туку преку обиколница оди кон Арачиново. Некаде кај Стајковци му се губи трагата. Тука се губи и сигналот од мобилниот телефон.
Осомничениот за убиството е од Арачиново. Девојката според првичната информација од обвинителстото е замешана во мамката во која влегол Пино. Таа според нашите сознанија е ќерка на возач , дете на разделени родители и проблематична девојка заглавена во незгодни друштва и пороци. На нејзниот профил до скоро имаше поставено и главна слика на која има девојка и момче со пиштол и крв. Била и на полиграф но го поминала.
Целиот текст ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.