Тројца охриѓани се уапсени поради поседување марихуана и стебла канабис.

На 02.11.2020 во селото Долно Лакочереј, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Охрид во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, ги лишија од слобода К.А.(33), А.Н.(33) и С.К.(33), сите од Охрид, со место нa живеење во село Долно Лакочереј. При претрес во нивните домови во селото Долно Лакочереј, извршени со судска наредба, полициски службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и стебла од растението Канабис сатива – информираат од МВР.

Тројцата охриѓани се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.