Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска околу 00.40 часот го лишиле од слобода А.А.(30) од тетовско Боговиње, чиј угостителски објект во село Жеровјане работел по дозволеното време и во него престојувале 13 гости и шест странски државјанки.

А.А. бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Во угостителскиот објект, исто така, приведени се и три странски државјанки, од кои две од Русија и една од Република Албанија, поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно дека престојувале спротивно на целта. И тие се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.