Синоќа во 21.30 часот на ул „Орце Николов“ во Скопје поради основано сомнение по чл. 215 од Кривичниот Законик на Република Македонија ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, лишено од слобода е лицето Х.А (24) од Мароко, кај кого е пронајдена марихуана.
Исто така вчера вечер во 22.30 часот на ул.Тодор Александров бб- Скопје лишено од слобода е лицето К. Ф(28) од Скопје, кај кого е пронајдена марихуана. И во 22.45 час.
На ул. Кеј 13-ти Ноември бб- Скопје лишено од слобода е лицето А.А(21)од Тетово, кај кого е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.