Вчера во 23.05 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода Б.И.(39) и А.З.(35), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја.

Денеска во 02.25 часот на исто така на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Д.(42) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и предмет со остатоци од кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираа од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.