Две лица се приведени за лажното пријавување на подметната бомба денес во трговскиот центар Сити мол. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава, информира МВР. Неофицијално се работи за лица родени во 2000 година, кои работеле во приватна агенција за обезбедување.

Утрово, во Сити мол беше извршена евакуација на граѓаните, поради дојава за поставена бомба.

Се испостави дека се работи за лажна пријава.

Скопје Сити Мол се огласија:

– Денешната дојава за подметната експлозивна направа во просториите на трговски центар – Скопје Сити Мол е лажна, а оваа лажна дојава денес беше причина нашиот објект да биде затворен на неколку часа, додека не се применат сите светски стандарди за безбедност на трговски центри од затворен карактер. Како трговски центар им благодариме на сите кои се дел од нашите служби со чија помош успеавме безбедно да ги евакуираме сите посетители како и вработените во продажните места, велат од Тгровскиот Центар.

Додаваат дека Сити Мол во текот на годината организира претходно најавени вежби за евакуација, независно дали станува збор за вежби од карактер на подметнати направи, пожар или укажување на прва помош, кои се покажуват како реална потреба во одредени ситуации.

– Сакаме да се заблагодариме на припадниците на МВР – Скопје, Противпожарните Служби на Град Скопје и Прва помош кои учествува во евакуацијата како и за решавње на целата ситуација. Истрагата е завршена, уште еднаш потврдуваме дека станува збор за лажна дојава и Скопје Сити Мол продолжува да работи со нормално работно време, велат од Трговскиот преку соопштение за јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.