По не цели осум часа од инцидентот што се случи вчера околу 10 часот во кафе бар во строгиот центар на Дебар лишени од слобода се две лица, информираше Стефан Димоски,портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Вчера во 17.30 часот на граничниот премин „Јажинце”, по извршена проверка, во врска со сторено кривично дело „убиство во обид” по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик врз Б.П., сопственик на угостителски објект во Дебар, од слобода беа лишени А.С.(39) од Дебар, со место на живеење во Репблика Косово и У.Д.(68) од с.Јажинце, тетовско, изјави Димоски.
Додава дека Одделението за внатрешни работи во Дебар работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера во кафе бар во строгиот центар на градот беше нападнат сопстевник на кафуле Б.П.(47) кому му беа нанесени убодни рани со нож.
Како што потврдија од Општата болница со проширена дејност Б.П.имал убодна отворена рана на вратот од левата страна, убодна рана на десната страна на градниот кош и помала посекотина на десната рака.
По дадената прва медицинска помош повредениот беше транспортиран во Клинички центар во Скопје,во придружба на двакјца лекари и медицинска сестра. По извршенот неопходен хрушки зафат, тој е во стабилна здравствена состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.