Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија уапси две лица од Скопје, поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

По издадени наредби од Основен Суд Скопје 1 Скопје биле извршени претреси во домовите на двете лица.

При претресот кај едниот, биле пронајдени околу 200 грама хероин, околу 500 грама марихуана, околу 20 грама кокаин, околу 100 грама хашиш, 10 таблети екстази како и четири дигитални ваги, пиштол „Ekol“ со рамка, револвер, околу 20 куршуми различен калибар, повеќе сим картички, панцири, фантомки и лисици.

Во вториот претрес кај другото лице е пронајден еден пушко – митролез и марихуана, соопшти МВР.

По целосно документирање, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.