Четири лица, меѓу кои и малолетник, биле уапсени вчера на територијата на Скопје, во различни акции на полицијата.
Вчера утрината во 10:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар го лишиле од слобода И.К.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Попладнето во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Трубарево го лишиле од слобода О.Б.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вeчерта во 22:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар лишиле од слобода 17 – годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана, електронска вага и ризли. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Истата вечер во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Сарај го лишиле од слобода С.И.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.