Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе Обвинителен акт против едно лице, 27 – годишна државјанка на Република Турција, поради сторено кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетата делото го сторила на 18 декември, околу 20 часот на аеродромот во Скопје, кога избегнувајќи ја царинската контрола пренела непријавена стока – накит од бело злато. Накитот бил со вкупна тежина од 380.50 грама кои имаат вредност од 27 633 795,00 денари, околу 450 000 евра.
Со оглед на оценката дека се уште постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и можност обвинетата да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата.
Запленетиот накит е од бело злато во комбинација со голем број на брилијанти, кој според наодот од страна на судски вештак, е квалификуван како ексклузивен златен накит со продажна вредност од околу 450 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.