Велешанката која се сомничи дека со нож го усмртила невенчаниот сопруг доцна синоќа, е уапсена само неколку часа по убиството.

Како што соопшти МВР, утрово во 05:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И.(23) од Велес, поради сомнение дека околу 02:20 часот во семејната куќа на ул.„Максим Горки“ со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес, по што починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Бил извршен увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против П.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.