Во Виница е уапсен разбојник кој ограбил обложувалница во градот.
На 22.12.2021 во 20.40 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Н.Ј.(36) од Виница. Тој се сомничи дека на 20.12.2021 со закана кон вработените одзел пари од обложувалница во Виница. Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото – информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.