31-годишен жител на тетовско Боговиње е уапсен откако при контрола во неговиот угостителски објект биле пронајдени три пиштоли.

-Изутрината во 03.25 часот полициски службеници од Одделот за организиран криминал го лишиле од слобода Х.А.(31) од с.Боговиње, тетовско, сопственик на угостителски објект во с.Жеровјане, тетовско, во кој претходно била спроведена акциска контрола. Притоа, во неговата канцеларија бил пронајден пиштол без сериски број и 27 куршуми калибар 9 мм, како и два гасни пиштола, велат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.