Полицијата од Тетово привела жител на градот под обвинение дека пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 15 септември во 22:10 часот на улица „Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода тетовецот Б.К. (58) поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“.
На 14 септември 2021 околу 22 часот во маркет на улица „Јане Сандански“ во Тетово, тој пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра, за чија исправност вработен се посомневал и пријавил во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.