Поради напад врз полицаец вчера попладне е приведен 44 годишник од Тетово.
Околу 15 часот и 20 минути на улица „146“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 44-годишниот тетовец Г.И., кој се однесувал агресивно додека преземале службени дејствија во непосредна близина и притоа физички нападнал и еден полициски службеник. Г.И. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување на случајот против него ќе следува поднесок – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Вечерта околу 21 часот и 45 минути во тетовско Горно Седларце, полицајци на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.Ф.(32) од гостиварско Беловиште и А.У.(32) од Скопје.
При нивен преглед била пронајдена бела прашкаста материја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.