Утрово во 07.30 часот во СВР Куманово бил приведен и задржан Д.П.(25) од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, казниво по член 133 од Кривичниот законик.
Истиот ден околу 05.00 часот на бензинска пумпа на автопатот Куманово-Табановце, при излегување на автобус, Д.П., по претходна расправија, физички нападнал едно лице и му нанел тешки телесни повреди.
По целосно документирање и расчистување на случајот, против Д.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.