Полицијата во Скопје уапсила скопјанец кој ограбил казино.
На 17.09.2021 во 10.00 часот на ул.„Вера Јоциќ“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода Е.А.(43) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
На 16.09.2021 од казино на ул.„Христо Татарчев“ тој одзел пари. Во разговор со полициски службеници тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.