На 10.4.2021 во 17.30 часот на место викано „Соларна централа“ од полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Старавина е приведен О.С.(40) од Прилеп, кој се превезувал во патничко возило „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки.

При направена проверка било констатирано дека за него е распишана потерница за издржување на казна затвор.

Лицето е предадено во Казнено поправна установа Затвор Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.