Поради основано сомнение за подметнување на пожарот кај селото Ботун, уапсен е 55-годишниот Б.С. од истото село.

Се сомничи дека тoj го предизвикал пожарот на отворен простор при што целосно изгореле електричен столб сопственост на ЕВН и други предмети во приватна сопственост.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.