Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, вчера во 17:30 часот на ул.„Иван Аговски“ во Скопје го лишиле од слобода К.Е. (37) од Скопје.

За него бил распишана потерница од Полициската станица Гази Баба, поради сомнение дека сторил неколку кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. По целосно документирање и расчистување на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава – соопштија од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.